Ивин овошен сладолед

Ивин овошен сладолед

И за најголемите горештини има лек 🙂
Нит е сладолед, нит е некој десерт, а сепак е преубаво, превкусно и многу, многу корисно за здравјето!
Пасирано овошје, без шеќер, без никакви додатоци, малку смрзнато, гарантирано разладување!
И што е најважно, права витаминска бомба!

 

Состојки за 1 особа

  • 1 јаболко
  • 1 портокал
  • 2 киви
  • 1 нектарин
  • топче диња
  • ливчиња бадем
  • малку афионово семе
  • малку цимет

Постапка

  1. Измиеното и излупено овошје, испасирајте го во посебни садови.
  2. Отстранете го сокот, испијте го 🙂
  3. Јаболкото измешајте го со цимет.
  4. Ставете го на дното од чаша за сладолед и смрзнете го малку.
  5. Направете така и со другите овошја, по бои, по желба…
  6. На крај украсете, додадете ливчиња бадем, афионово семе, ливчиња мента…

Не треба да е целосно смрзнато, само кратко, само колку да ве разлади…

Свежо овошје, свежо разладување 🙂

Ивин овошен сладоледИвин овошен сладолед Ивин овошен сладолед Ивин овошен сладолед

Ивин овошен сладолед

 

[gallery_one id=”10037″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]

 

Leave a Reply