Кнедлите беа многу актуелни едно време, па ги подзаборавивме и сега, благодарение на нетот, повторно се враќаат, како и сé друго. Рецептот ми е чиста класика, од тетратката на мајка ми, имам и други, но овој ми е омилен 🙂
Состојки
- 500 гр компири
- 250 гр брашно
- 1 јајце
- 30 гр путер
- малку сол
Фил и посипување
- околу 600 гр модри сливи
- јатки ореви
- канела
- мелени ореви за посипување
- ванилин шеќер
- шеќер по желба
Постапка
- Излупените компири се варат во посолена вода.
- За тоа време се подготвуваат сливите, се чистат од коските, а внатре се става канела и орев.
- Компирите се цедат и пасираат убаво, се додава јајце, брашно и путер.
- Се замесува, а брашно се додава сé додека тестото лепи.
- Се прави топка и се расукува кора, на побрашнета површина.
- Со голема чаша се вадат кругови, се става слива на секој круг и се затвара сливата со тесто.
Се работи со набрашнети раце. - Се прават топчиња кои се варат во зовриена вода, околу 10 мин.
- Кнедлите испливуваат на површина и се вадат со цедалка.
- Се посипуваат со мелени ореви, помешан со ванилин шеќер и шеќер по желба.
Толку се вкусни, толку се декоративни, немам зборови, а многу брзо се прават. Ама затоа пак, бесконачно фотографирање 🙂
Во некои земји, кнедлите се сервираат за појадок, но се служат и како десерт.
Пријатно!