Фусили со сос од зеленчук

Фусили со сос од зеленчук
Фусили со сос од зеленчук

За летно време, најбрз, ама и многу вкусен оброк. Одлично оди со зеленчуков сос, кој може да има варијанти…

Најдобро е да извадите од фрижидер она што имате и да го подготвите. Тестенините се варат према упатството и воила, од брзо, побрзо, здравје!

 

Состојки

  • фусили или други тестенини
  • тиквичка
  • пиперка
  • неколку цветови карфиол
  • 2 големи домати
  • 2 листа кељ фризе
  • малку сува коприва
  • лук
  • сол, црн бибер, оригано, босилек, нане…по желба
  • биено сирење

Постапка

  1. Додека се варат тестенините, одберете зеленчук што имате, не мора да е истото.
  2. Измијте, насецкајте и пропржете го зеленчукот, но не премногу долго, а доматите додадете ги на крај. Додадете и малку водичка, нека се крчка полека.
  3. Од сопствениот сок и од доматите треба да има убав сос, додадете зачини на крај и прелијте врз фусилите, можете врз сите или на секој во тањир, а одозгора нарендајте биено сирење или по желба некое друго.

Со зачините и биеното сирење, се добива убав, летен, освежителен вкус…

Пријатно!

Фусили со сос од зеленчук

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар