Медалјони со рататуј

Медалјони со рататуј
Медалјони со рататуј

Свинските медаљони се добри за во лето, не бараат долга подготовка.
Овој пат во комбинација со рататуј 🙂Многу пати сум рекла, мајсторот за месо кај нас е Мишел, најчесто.
Најважен момент за медалјоните е правилна температура и кратко пржење, инаку ќе се исушат и скаменосат, а треба да се меки и сочни внатре, зацрвенети однадвор.

Комбинацијата е перфектна, ви ја препорачувам!

 

Состојки

  • свинско филе
  • рататуј
  • маслиново масло

Сос

  • 4- 5 лажици мајонез
  • 2 лажици мајонез со кари
  • 1 лажица сенф
  • 3 лажици кисело млеко
  • магданос

Постапка

  1. Месото се подготвува, се сече на медалјончиња кои се пржат кратко, од двете страни. Зачини по желба, ние не ставаме ништо, месото е превкусно.
  2. Рататујот е добро да ви е подготвен претходно, а рецепт имате овде.
  3. За сосот, состојките се мешаат, киселото млеко прави да биде потечен сосот, а и му дава перфектна завршна нота, освежителна.

Одличен ручек, многу вкусен и освежителен.

Пријатно!

 

Медалјони со рататуј
Медалјони со рататуј
Медалјони со рататуј
Медалјони со рататуј

 

Медалјони со рататуј
Медалјони со рататуј
Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар