Рататуј салата со два соса

Рататуј салата со два соса
Рататуј салата со два соса

Тиквици, пиперки, карфиол, лук, одлична комбинација за салата. Не знам дали некој во светот рататујот го смета за салата, но мене ми е баш тоа, кога е вака подготвен…

Состојки

  • 2 тиквици
  • 2 пиперки во боја
  • цветови карфиол
  • пресиран лук
  • маслиново масло
  • сол, црн бибер, билки од Прованса, оригано, босилек…

Сос

  • лимон
  • оцет
  • маслиново масло
  • магданос

Другиот сос може да го најдете овде.

Постапка

  1. Ова е скратена постапка за рататуј. Имено, пробав директно во рерна, без пржење и можам да речам дека разликата е минимална, невредна да се спомне, зашто на тиквиците, пиперките и карфиолот, баш не им треба претходно пржење.
    Се сечат тркалца, се премачкуваат маслиново масло, се додаваат зачините и се печат во тавче.
  2. Кога ќе се запече доволно, но да не се исуши зеленчукот, се вади од рерна, се посипува со сос од лимон, оцет, маслиново и магданос.
  3. Или со сос од мајонез, кој ако е посен, уште подобро.

Преубава салата за летно време 🙂

Пријатно!

   Рататуј салата со два сосаРататуј салата со два соса

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар