Подготвувајќи ја летната даска, сакав да направам мали бомбици, солени, онака мераклиски, но и здрави. Изборот падна на оризови, со палента и со урда.
Можете да ги направите и со друг полнеж, но овој пат тие со урда, беа со пиперки и магданос, мојот омилен фил, пиперки, пиперки…
Состојки
- урда
- сол
- пиперка црвена
- магданос
- ленено семе
Постапка
- Тие се прават најбрзо. Посолете ја урдата, може да додадете зачини по желба, јас не ставив друго, но може пресовано лукче.
- Исецкајте ја пиперката и магданосот.
- Земете парче од урдата, сплеснете го, на средина ставете парченца пиперка и магданос и направете бомбица.
- Посипете ги бомбиците со ленено семе.
- Ставете ги во фрижидер и кога треба да ги послужите, извадете ги.
Дозите прилагодете си ги, нема грешки во овој рецепт 🙂
Летната даска може да ја видите овде.
Пријатно!