Ивини колачиња со модри сливи

Кога бевме мали, мајка ми често печеше сливи со ореви.
Може да биде прекрасно слатко, но исто така и преубави колачиња, ем без речиси никаква работа, а многу вкусни.

Кога се брзате, и немате време да се посветите на кујната, е тогаш се добредојдени, а посебно добредојдени за младите вработени мајки.

Се сеќавам кога Ива беше мала, печев сливи со ореви и јас, само ете, таа генерација ги збогативме колачите и со шлаг, што им дава уште поубав вкус, иако и без шлаг се со посебен вкус.

Состојки

  • модри сливи
  • јатки ореви
  • мелени ореви
  • шеќер по желба
  • канела
  • шлаг

Постапка

  1. Сливите се мијат и чистат од коски.
  2. Во средина се става jatka орев и малку мелени ореви, помешани со канела.
  3. Одозгора се посипува шеќер по желба.
  4. Се ставаат на хартија во тавче и се печат.
  5. Потоа се ладат и се сервираат со шлаг.

Преубави колачиња, едноставни, а со арома која потсетува на детството.
Слободно аранжирајте ги по ваш вкус, јас ги направив на овој начин.

Пријатно!

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар