Многу рецепти, многу фотографии, се трудам да ги најдам сите сезонски кои не се објавени…
Го најдов и овој пинџур, го препорачувам за оние кои имаат потешкотии од модриот патлиџан, кој спаѓа во лутите храни. Киселото млеко му дава преубав вкус, но има и лековита моќ овде.
Можете да замрзнете во фаза пред да го додадете киселото млеко.
Состојки
- модри патлиџани
- неколку пиперки, на 3 патлиџани 1-2 пиперки, кој сака лути, но може и без пиперки
- лук
- ореви
- сол
- зејтин
- кисело млеко по желба
- магданос
Постапка
- Патлиџаните и пиперките се печат, се ставаат во кеса половина час, и се лупат.
- Ако има течност, се цеди, па се толчат. Може вака да се замрзнат и откако ќе се одмрзнат, се додава другото.
- Им се додава толчени ореви, лук, сол.
- Се попаруваат со врел зејтин.
- Се меша и малку подоцна се додава киселото млеко и магданосот.
Сличен рецепт може да видите овде.
Кога правам пинџур, обично правам разни варијанти во исто време. Овој ми е највкусен, иако сите ги сакам 🙂 Наместо кисело млеко, може павлака, а пиперките не се обавезни.
Пријатно!