Рецептот за слаткото ми е преубав, но сливите овде кога ќе се излупат, се зеленикави, оние како за слатко. Всушност зелени се тие потврдите, или на сила зреани. А ако се зрели, тогаш се многу меки и не може да се сочуваат цели при варењето.
Средина нема, па еве го второто слатко, сега со печени бадеми.
Арно ама, на слаткото број 3, му најдов крајот, но ќе ви раскажам кога ќе го постирам 🙂
Рецепт за слаткото може да видите овде.
Разликата е во печените бадеми. Откако ќе се попарат, се лупат и се ставаат на хартија во тавче, да се потпечат.
И овие сливи беа зеленкасти, но подобри од првите, а следните ќе бидат како што треба 🙂
Пријатно!
[gallery_one id=”10871″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]