Ѓувечиња се овие мали тавчиња, а ние велиме маленки земјани тавички 🙂
Како и да се нарекуваат, многу го сакам вкусот на јадењето од нив.
Секогаш во Македонија си купувам по некое земјано тавче, но последните тавчиња многу ме разочараа, ми позеленеја. Од самиот момент кога ги купив, мирисаа на глина, што порано не ми се случило. Затоа кога ги користев, ги попеткував откако се измиени. Значи ги потпекувам празни, па се ладат и ги сместувам. И по некое време, целите зелени станаа. Како може да се случи тоа? Имате ли такво лошо искуство?
Овој пат, на состав нешто како чалбурите, но печено.
Состојки
- 1-2 модри патлиџани
- 2 домати
- неколку пиперки
- лукче
- јајца
- зејтин
- сол, црн пипер, буковец, магданос
Постапка
- Модриот патлиџан се лупи и сече на коцки.
- Се пржи, не треба да се многу ситни делчињата, за да не се истопат. Можете да не го пржите, но побрзо е така, инаку ќе мора да печете подолго..
- Се додаваат пиперките, се пржат, потоа доматите, па лукчето, зачините.
- Се става смесата во ѓувечињата и одозгора се кршат јајца.
- Се пече по желба, поиспечени или поживи јајца.
Може да додадете што сакате, на свој вкус да прилагодите.
Испржив и сирење, но не мора, а мене ми оди многу.
Пријатно!
[gallery_one id=”11012″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]