Брзи пирошки

Брзи пирошки
Брзи пирошки

Едни поинакви пирошки, а вкусни, превкусни. Ги видов на Интернет, па ги прилагодив.
Инаку пирошките ги сакаме многу, а овој начин на подготовка, ќе ве натера да ги направите во секое време. Нормално, прилагодете си го рецептот и вие 🙂

Состојки

  • кришки леб за тост
  • листови мортадела
  • листови кашкавал

Фил

  • мајонез со кари
  • корнишончиња
  • маслинки
  • чорбаџиски пиперки

За похување

  • јајца
  • корнфлекс
  • овесен микс со семки
  • лен
  • ким
  • зејтин

 

Постапка

  1. Маслинките, пиперките и корнишоните се сецкаат, се мешаат со мајонез.
  2. На кришките леб им се сечат страните.
  3. Се притискаат, односно се сплеснуваат со оклагија, за полесно да се виткаат.
  4. На секоја кришка се реди кашкавалот, по можност кашкавал што се топи и мортаделата, па се става од мајонез филот и се замотуваат како пирошка.
  5. Јајцата се матат, а во друг сад се мешаат семки, корнфлекс, овес, што сакате… Се увалуваат во јајца и потоа во грицките.
  6. Се пржат на умерен оган.
  7. На крај ги испржив и корките.

Мене за појадок не ми одговараат, но како предјадење, мезе или вечера, одлични ми се.
Можете да ставите фил по желба, ама вистина многу интересни се, не очекував да се толку вкусни. Тоа имав, тоа ставив, прекрасно испадна.
Пријатно!

 

Брзи пирошки
Брзи пирошки

 

 

 

 

 

 

 

[gallery_one id=”11260″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]

Leave a Reply