Пилешко со карфиол

Пилешко со карфиол
Пилешко со карфиол

Овој рецешт, доаѓа од хроно исхраната, се воодушевив кога го видов негде, и не згрешив што го пробав. Не се сеќавам дали имаше пиперка, но јас без пиперка не можам 🙂

Го бев објавила минатата година на страницата, но немав убави фотки, само две од подготовката, па си реков да направам.
Ама и ја разработував идеата 🙂 , позбогатено бев правела, можете да видите овде.
Во друга прилика, третата варијанта, сега базичната, и дојде редот.
Овој пат некои парчиња карфиоли се поголемки, но не смета, иако во оргиналниот рецепт се како кус кус издробени.

Состојки

  • 500 гр пилешки гради
  • неколку цветови карфиол
  • црвена пиперка
  • лук
  • сол, бел бибер, буковец, магданос
  • маслиново масло

Сос

  • сенф
  • мајонез
  • павлака

Постапка

  1. Месото се пржи на коцки.
  2. Карфиолот се дроби колку што може поситно, како кус кус.
  3. Се пржи сецкана, црвена пиперка, се додава лук, па карфиолот и се пржи да остане крцкав. Значи не се вари, не се додава вода, туку внимателно се пржи.
  4. Пред крај се додава испрженото месо и зачините, се пропржува сé заедно.
  5. Се меша малку сенф со мајонез и павлака, па се прелива.

Преубаво за летно време, вистинско освежување!

Пилешко со карфиол

Пилешко со карфиол

 

 

 

 

 

 

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар