Јанија, посна

компири морков пиперки
компири морков пиперки

Не дека јанија со месо не е убава, преубава е, но кога би бирала, секогаш посна би одбрала.
Кај нас јаниита се прави со компир, пиперка, морков и домат. Побогата е ако има и бамји кога им е сезоната. Знам дека секое семејство си врти по свое, грешки нема, без варијанти не се може, како сите би биле среќни 🙂

Состојки

  • кромид
  • компири
  • морков
  • пиперки
  • домат
  • лук
  • зејтин
  • сол, црвен пипер, црн пипер, магданос

 

Постапка

  1. Се пржи сецкан кромид, па се додаваат сецкани 2 пиперки и морков, се пржат заедно.
  2. Потоа се додава компирот и лукче, малку да се запржат, па се додава домат, се свртува неколку пати цела смеса и потоа се додава црвен пипер и вода.
  3. Се динста колку компирот да биде готов, се пасира малку од смесата за густина и се ставаат зачините.
  4. Кој сака може при варењето да стави малку брашно, или класична запршка на крај, како се правело едно време.

Вака јанијата е многу здраво подготвена, а вкусна и лесна за јадење.

Пријатно!

компири морков пиперки

 

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар