Модар патлиџан и млад компир

Модар патлиџан и млад компир
Модар патлиџан и млад компир

И овој рецепт е едноставен, повеќе е комбинација, но треба да оставиме трага и за вакви едноставни јадења. Модрите патлиџани за нас Струмичани се присутни секогаш кога ги има, во најразлични комбинации…

Состојки

  • модри патлиџани
  • млад компир
  • маслиново масло
  • зачини по желба, сол, буковец…
  • младо кромитче

Постапка

  1. Најпрво се подготвуваат компирите, а рецептот можете да го видите овде.
  2. Модрите патлиџани се сечат на тркалца или долгнавесто, се посолуваат и оставаат да им излезе лутата вода.
  3. Се мијат, сушат со салфетка, се посолуваат.
  4. Грил тава или тефлон се премачкува со масло, се загрева и се редат патлиџаните да се пржат, поточно да се печат тркалцата. На грил тава е најдобро, се печат како на скара, а во други тави треба многу масло, инаку ќе горат.

Се сервираат заедно, со салати, домати, краставици, млад кромид…
Секако доколку сакате непосно, имате на располагање сирење, кисело млеко, павлака и слично.

Пријатно!

[gallery_one id=”4134″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]

 

Leave a Reply