За љубителите на компирот еве еден наједноставен начин, вкусен и декоративен компир.
На француски е gratin, но обавезно со некој крем, а сега и кај нас е актуелен компир хармоника, во сите варијанти…
Секогаш и секаде, ако не е компир, патати ќе е, обожуваме 🙂
Состојки
- компир за печење
- маслиново масло
- сол, бибер, буковец…
Постапка
- Излупениот компир се сече на кришки, се премачкува со маслиново масло и се става на хартија врз плех за печење, но не целосно отворени.
- Се пече до саканата боја и секако мора да пробате дали е испечен.
Кришките се отвараат и компирот се пече и внатре.
Зачини е подобро да ставите на крај, за да не се промени бојата на златестиот компир.
Може да биде преубав гарнир, но исто така и засебен оброк.
Си го префрлувате каде сакате да го комбинирате и го украсувате.
Пријатно!
[gallery_one id=”4181″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]