Кошничка од тесто

Ивините кошнички како и милибродот или козињакот ми се најважни за Велигден, редовно ги правам.
Кошничките се нова мода, а без милиброт или милиброд, не може да се замисли Велигден…
Уште ги чувствувам милибродите на мајка ми со сите можни мармалади, меки и мирисни…
Ќе ги постирам веќе објавените од фб страницата, а потоа новите 🙂

Еве идеја за кошничка од Велигден 2013 година, всушност прв пат тогаш правев ваква кошничка.

 

Постапка

  1. Потребно ви е обично тесто.
  2. Огноотпорен длабок сад го превртувате на тавче.
  3. Садот го обложувате со фолија.
  4. Тестото се прави кора која се сече на ленти, а се редат како на фотографијата, попреку.
    Може и плетенка да направите за ивицата, а неа ја печете одделно.
  5. Се притиснува одозгора за да има дно, да може да стои.
  6. Се пече на тивко, се суши. Потоа внимателно се вади фолијата.
  7. Украси од локум.

Имам и од минатата година, ќе следува, а ќе следува и новата, се надевам 🙂

[gallery_one id=”5077″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]

Leave a Reply