Најновите Ивини кошнички

 

Оваа година решив да направам розева кошничка, па направив две, една помала, друга поголема.

Тестото е розево од цвекло, поточно сокот од цвекло, па немав доволно, потоа ставав и блендирано цвекло.

Многу понежни се во природа, сепак сум задоволна, здравје, поубави догодина 🙂

Основниот рецепт може да го видите овде и овде.

 

Постапка

Се прави многу брзо и лесно.
Се сечат ленти, краевите им се виткаат и се поставуваат како на сликите.
Одозгора се притиска со некој сад за да стои убаво кога ќе се преврти.

Направив и ружички, и на печење, поточно сушење.

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар