Префинета пита

Префинета пита
Префинета пита

Ви ветив нешто ново, а тоа е аргентинска пита со еден фантастичен вкус.
Рецептот ми е од колешка од курсот по француски, Нури. Еден ден, драгата Нури која ни е највозрасната во групата, донесе пита, тенка, префинета, исечена на мали парчиња, преубава 🙂 .

Веднаш побарав рецепт, го стокмивме на многу јазици, а следниот час ми донесе точни дози. Веднаш ја направив, па уште еднаш, што да ви кажувам, пита над питите!
Добро сега, јас сум научена на тој благо-солен вкус во Струмица, но сите ја бендисаа!
За мене ќе остане баш тоа, префинета пита, благодарам Нури 🙂

Состојки

  • 500 гр брашно
  • 1 лажица сол
  • 200 гр растопена маст
  • околу 1,5 дл млака вода

Фил

  • крем сирење
  • пршута
  • урми
  • 1 жолчка за премачкување
  • црн сусам

Постапка

  1. Се замесува тесто од состојките кое всушност е brisée тесто. Се меси поинаку од нашите теста, само со прстите.
  2. Се прават две тенки кори во форма на правоаголник, со повеќе брашно. Првата кора треба да е поголема за да може да се затвори питата. Кората се става на хартија во плех и се боцка.
  3. Се премачкува со крем сирење, јас користам дански натур, пресно сирење, најубаво ми е.
  4. Одозгора се реди тенки листови пршута и урми сечени на 3 делчиња.
  5. Се сука втората кора, треба да е толку голема за да ја покрие долната кора.
  6. Се затвара питата наоколу и се боцка. Се премачкува со жолчка и се посипува со црн сусам.
  7. Се пече на 200 степени додека да добие убава боја.

Питата е баш онака десертна, можете да ја послужите за разни поводи, во разни комбинации.
Ги сечев различно, сервирав и презентирав… 🙂
Пријатно!

Префинета пита

Префинета пита Префинета пита

Префинета пита

Leave a Reply