Ви ветив нешто уникатно со јагнешко, но не е ова. А сепак и ова јадење ми е во оние перфектни вкусови, за мене многу прифатливи, заради дојранско-струмичката кујна на која сум навикната.
Една варијанта за котлетите кои се преубави на скара, но може и вака, да не е само суво мевце…
Состојки
- јагнешки котлети
- 1 главица кромид
- 2-3 чешниња лук
- 1 морков
- неколку суви сливи
- млад компир
- малку ориз
- сол, црвен пипер, црн пипер, рузмарин, сушен зачин
Постапка
- Се полнат неколку котлети со сливи на парченца, не сите, колку за шмек.
- Котлетите се пржат на грил тава.
- Зеленчукот се сецка и се пропржува во зејтинот.
- Компирите се длабат, внатре се става слива, а издлабеното може да се исецка.
- Целиот зеленчук, компирот и сливите, се става во тава за печење со малку вода. Се става и малку измиен ориз, колку да даде текстура…
- Се додаваат зачините, котлетите се ставаат одозгора, се пече…
Ова е мој рецепт, инспириран од минатото 🙂 Вкусот од сливите со јагнешко е преубав, пробајте!
Mорав да додадам сланинка, зашто ова јагнешко нема трунка маснотија, па ми беше шубе да не се исуши.
И ете така, преубав свечен ручек! Едноставно, а вкусно, пробајте!
[gallery_one id=”5846″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]