Ова е повеќе идеја за појадок, за комбинации во овој период…
Малку доцнам, имаме технички проблеми на блогот, рецептите пополека, кога имам услови на блогот, ќе ги ставам.
Кога ќе се стопли, а никако да се случи, терасата ни е главното место за оброци и за малку одмор.
За среќа голема е и може да собере она што сакам. Да биде и таа топло катче како внатре.
Појадокот обично ни е овде, но и ручекот, кафето и колачите, вечерата… Летен престој 🙂
Едно време, во Македонија, прво што ќе направев кога се фаќав за работа по дома наутро, беше терасата, терасите… Која ладовина, која убавина кога ќе се измие…
А наоколу расцутело, ароми најубави 🙂
Е овде се води сметка за секоја капка вода и перење тераса секое утро е чудно, деликатна дама ќе ме прогласат 🙂
Ама, ама аромата на цвеќињата, на езерото, на чистиот алпски, но медитерански воздух е овде, се чувствува 24 часа, гали, а најубави се утрата!
Во недела најчесто појадокот е сладок, благ, таква е традицијата на семејството на Мишел, а и мене ми се допаѓа, но секако ќе каснам и едно солено залче.
И овошјето е тука…
Чај, млеко, кафе, сок и по некое колаченце…
(А оваа недела јас на јогурт и варени меса, кој како си послал 🙂
Милибродот, чуреците, бриошот, комисброт (кликнете на нив за рецептите), овој период ги јадеме со јајца, по нашки, а и по нивно со путер на собна температура, преубаво, преубаво…
Сега не јадеме толку шеќер, намалувам дури и во рецептите, овој шеќер одозгора го издувувам:), тој е за декорација само.
[gallery_one id=”6679″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]