И свежа или замрзната, секогаш ја правам со нешто плус, ете не сум генерација на брокулата.
За сите како мене, го препорачувам овој начин, вкусно е многу, а сепак се сочувуваат важните состојките.
Но морам да нагласам дека најздраво е свежа, обарена кратко и убаво е да се јаде во разни комбинации.
Состојки
- брокула
- лук
- сол, црн пипер, мускатно оревче
- брашно и палента
- маслиново масло
- кашкавал
- павлака
- магданос
Постапка
- Брокулата се обарува во солена вода, потоа се мие со ладна вода за да и се сочува бојата. (Цврстите делови ги сечам и ги варам малку подолго од зелениот дел).
- Се суши со хартиена салфета, се сече по желба.
- Парчињата се увалкуват во брашно и палента помешано, кај фати, фати, нема потреба да биде еднакво покриено, целта е за малку вкус на панирано.
- Грил тава или тефлон се премачкува со маслиново масло. Се загрева маслото, се пржат кратко, се наросува пресиран лук, се додава рендан кашкавал, павлака или кисело млеко, зачините.
- Се свртува еднаш, два пати во тавата и после имате гозба, вкусно, превкусно 🙂
Во комбинација со нешто друго, имате комплетен оброк, пржено компирче на пример, а и некое мевце, ако сакате, но мене ми е вака супер.
Пријатно!
[gallery_one id=”6815″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]