Комбинациите на храна од здравствени причини се многу важни, следете ги, но има нели и комбинации на јадења кои некои луѓе си ги прават од мерак. Е една таква комбинација е токму оваа, едноставна, а моќна 🙂
Секогаш кога јадам кајгана, ама онаа разматена и без ништо друго, посакувам, верувале или не, парче леб со џем од кајсии. Да завршам со лепчето намачкано, е ајде де!
И токму затоа гледам да имам таков џем, затоа го правам…
А еднаш, во еден филм, токму тоа беше кажано од еден гурман, замислете, уф, а никако да се сетам кој филм беше 🙁
Сигурно нé има многу кои го сакаме ова едноставно комбинирање! Паметам, одамна го имам спомнато на фб, беа се јавиле повеќе кои си комбинираат така…
На некои им е чудно, но пробајте, па ќе видите 🙂
Напомена, кајганата треба да биде неутрална, без додатоци, само малку сол, разматена, сочна, не премногу исушена, не премногу испечена, но сепак тоа се вкусови…
Состојки
- неколку јајца за пржена кајгана
- малку сол
- малку масло за готвење
- џем од кајсии
- леб
- путер, по желба, на сликите и јас немам, но често ставаме
Постапка
- Јајцата се матат со малку сол и се пржат на угорено масло. Пржењето треба да е брзо, на силна температура, да збуфнат, се свртуваат неколку пати, а треба да останат сочни, во тоа е мајсторијата 🙂
- И така почнувате со кајгана, а завршувате со лепче, (путерче) и џем од кајсии, рецепт имате овде.
Не знам дали можам да ви доловам колку е вкусно, останува да пробате, нели?
Пријатно!
[gallery_one id=”8437″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]