Пататник со тиквици

Пататник со тиквици
Пататник со тиквици

Толку многу варијанти направив, рецептот може да ве инспирира до бесвест, барем мене, а која варијанта е поубава, не би можела да одредам 🙂
Е оваа е со тиквички во средина, многу вкусно и декоративно, а ељем што е мој рецепт, уникатен, умрела Циганката што ме фалела 🙂
Друга варијанта, онаа старинската, егејска, може да видите овде .

Состојки

  • компири
  • тиквички

Фил

  • сирење
  • 2 јајца
  • кисело млеко
  • лук
  • свежо нане, сол
  • путер

Постапка

  1. Компирот се вари.
  2. Во еден сад се меша кисело млеко, јајца, сирење, лукче, сол, нане, како фил.
  3. Во калап или тавче за печење се ренда варениот компир, врз него се става дел од филот.
  4. Во средина се рендаат тиквици, а врз нив повторно компир, па фил и на крај малку растопен путер.
  5. Се пече додека не се зарумени.

Ако компирот е многу пресен и сочен, ќе пушти малку вода, а и тиквицата, која ќе треба да изврие.

Дозите прилагодете си ги сами, на околу 1 кг компир, една тиквица, 2 јајца, неколку лажици кисело млеко, 200 гр сирење…
Преубаво јадење! Може како вечера, или гарнир, а и како главно јадење, посебно сега, во лето, комбинирано со кисело млекце. Пријатно!

 

Пататник со тиквици

 

 

Пататник со тиквици

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар