Ќофтенца

Ќофтенца
Ќофтенца

 

Досега не сум објавила ќофтенца на блогот посебно, а ги правам на многу начини и сите ми се убави…
И при “најлошо” месо, секогаш се убави, однадвор крцкави, внатре мозок…

Тајната е во ренданото доматче, старински трик на баба ми Донка, од нејзиниот татко Чичек Андон кој правел најубави јадења во неговата гостилница. Тајната ми ја пренесе татко ми и многу ми значи, благодарам мои сакани, пораките ќе одат во иднината 🙂 И те како ни се важни овие мали, мали тајнички за што подобар вкус на нашите јадења.

Ќофтинцата се за мерак, едните со мешано мелено, а другите од тиквички, за кои ќе има посебен рецепт. Каква и комбинација да направите, нема да згрешите 🙂

 

Состојки за ќофтиња

  • 500 гр мешано мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 1 јајце
  • 1 кришка сув леб
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 домат
  • сол,црн пипер,сушен зачин, магданос

Постапка

  1. Се ренда кромид ( ова е законот на мајка ми за ќофте) и се додава во месото.
  2. Сувиот леб се става во вода за да омекне, потоа се стиска водата и се додава во месото како и сите други состојки.
  3. Се лупи лушпата од доматот и се ренда.
  4. Откако ќе се додадат сите состојќи, се меси убаво, се затвара и се остава неколку часа во фрижидер или цела ноќ.
  5. Потоа се прават топчиња и се пржат во масло, прво на силна, потоа на средна температура.
  6. Не треба да се препржат или исушат, внатре треба да се сочни.

Ќофтињата најчесто ги комбинираме со кашички од брашно, сос од домати, грав…

Летно време е едно од највкусните и освежителни јадења, а секако и погачата е овде…Пријатно!

Ќофтенца

 

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар