Ќофтенца од тиквици

Ќофтенца од тиквици
Ќофтенца од тиквици

Едни од најпопуларните ќофтенца после месните, сите ги сакаме. Ги правам во неколку варијанти, но во основа е истото. Здрави, уште поздрави ако се печени, ви го препорачувам овој рецепт, од срце.

 

Состојки

  • 3 тиквици
  • 2-3 чешниња лук
  • 1 кришка сув леб
  • 4 лажици палента
  • жолчка
  • сол, црн бибер,сушен зачин,магданос

За пржење

  • јајце
  • лебни трошки
  • зејтин

Постапка

  1. Тиквицте се рендат и посолуваат.
  2. Кога ќе ја испуштат водата, се цедат.
  3. Лукчето се пресира, лебот се става во вода, па потоа се цеди…Се додаваат сите состојки, се мешаат и пак се оставаат ако има вода да истече.
  4. Се прават топченца, се увалуваат во лебни трошки и во јајце, се пржат на средна температура.

Мене воопшто не ми впиваат зејтин, прекрасни се, крцкави, ароматични…

Најчесто ги комбинирам со сос од мајонез, сенф, кисело млеко, лукче…Но може и со сос од домати или кашичка.

Пријатно!

Ќофтенца од тиквици

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар