И аронија и бадеми, не само кајсии 🙂
Периодов ми се уарнија овие прекрасни старински колачиња со сезонско овошје, ммм, нема поубав вкус и арома, нема!
Се прават брзински, а цела домичка мириса на ванила и лимон, убавина!
Е сега додаваме понешто модерно, можеби, но главниот вкус си останува…
Состојки
За одозгора
- 200 гр кајсии
- 1 -2 шаки бадеми
- 1-2 шаки аронија (не мора)
- шеќер во прав
Тесто
- 3 јајца
- 12 лажици шеќер
- 1 ванила
- 12 лажици зејтин
- 15 лажици млеко
- 15 лажици брашно
- 1 прашок за пециво
- 1 кора од лимон
- малку махлеп (не мора)
Постапка
- Со матало се матат јајцата, шеќерот и ванилата, значи малку од малку, не како пандишпан со миксер.
- Се додаваат состојките, се мешаат, битно е на раката од маталото да се осети тестото.
- Се става во намрсен и побрашнет плех, а одозгора се реди овошјето, се притиснува само малку, нежно со лажица. И бадемите и кајсиите исецкани претходно.
- Се пече на 220 степени додека не се одлепат страните.
- Кога ќе се подизлади, се посипува со шеќер во прав.
Генерација сум на миксери и роботи, со матало ретко работам во кујна… Тоа е мајсторија на мајка ми, но одамна ме научи да го препознаам тестото. Треба да се влече како конци кога ќе се подигне и тогаш е добро, ама треба да се проба 🙂
Најдобро е за прв пат да се следат дозите, но никогаш не се знае, имено може да се случи да треба да додадете течност или густина…Тогаш додавам малку млеко или брашно, и проблемот е решен 🙂
Ви советувам да верувате дека е многу лесно да се направи и дека ќе го направите, ништо помалку!
А резултатот ќе ве воодушеви!
Пријатно!
[gallery_one id=”9292″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]