Салата на салатите, ќе ја наречам! Домашно табуле, рецепт на семејството на Мишел. И не сум пробала поубава салата од овој тип.
Најчесто ја комбинираме со скара, но знае да си го најде местото во лето и во други комбинации.
Состојки
- 1,5 чаша кус кус
- 1 лажиче концентрат бујон
- 1,5 чаша вода
- 1 црвена пиперка
- 1 зелена пиперка
- 10 корнишончиња
- свежа мента, а ако е сува се става повеќе
- лимонов сок
Постапка
- Најпрво се прави бујонот, лажиче бујон или коцка говедска супа се вари во иста мерка вода како и мерка за кус кусот.
- Бујонот треба малку да се олади.
- Во длабок сад се става кус кус и му се додава бујонот. Се меша оддолу нагоре за кус кусот да не стане каша, зрната треба да си останат цели.
- Додека се лади малку се сецкаат пиперките и корнишоните, па се додаваат.
- Се додава лимоновиот сок и нането.
- Се лади, се покрива и се остава во фрижидер да се појави вкусот на состојките.
Мишел ја прави перфектно, но веќе и јас сум мајстор.
Салатата е толку освежителна за овие горештини, топло ви ја препорачувам 🙂
Доколку сакате да е посна, направете ја со зеленчукова коцка за супа.
И еве да нагласам повторно, тоа е рецепт домашен, не е оригинална салата од Либан и Сирија. Семејството на маж ми си направиле своја варијанта, која како да е повеќе под француско влијание.
[gallery_one id=”9332″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]