Пататник со биено сирење

Уште еден пататник, и не знам што е поубаво, дали вкусот или изгледот…

Интернет е полн со рецепти и идеи, но сепак креативноста е во тоа да создадеме нешто ново, наше!

Треба да дадеме наш печат. Сега со видеата секој може да направи она што го гледа, ех да ја имавме ние таа можност :), но поентата е да бидеме свои! И во секој рецепт да се препознавате ВИЕ!

Најрадосна сум кога луѓето ги препознаваат моите рецепти, ми пишуваат и велат, таму и таму го видов твојот рецепт, името беше сечено, но личеше на тебе! Е тоа ми е најубав доказ дека сум на прав пат!
И покрај напливот на рецепти на нетот, и покрај напливот на толку креативни луѓе, твојата работа да биде препознаена како твоја и како добра, и рецептите да се прават, е успех кој ми значи многу, скромната јас 🙂
Затоа ви благодарам од срце, за укажаната доверба и чест!
Ова се мои мали креации и многу сум си радосна што едни толку обични состојки ги комбинирав на прав начин.
Ви препорачувам секогаш да ја имате слободата да комбинирате, така се откриваат нови вкусови, така се создаваат нови рецепти, а вие ќе го почувствувате бликот на емоции, зашто готвењето е емоција…

 

Состојки

  • варен компир
  • пиперка
  • сирење
  • малку црвен пипер
  • малку буковец
  • нане
  • триена сол
  • 2 јајца
  • 150 гр.кисело млеко
  • малку путер
  • биено сирење

Постапка

  1. Сварениот компир се ренда.
  2. Му се додава пиперка, зачини, се меша.
    Подобро е компирот да не е сварен до крај, за да се ренда и меша поубаво.
  3. Јајцата се матат, се мешаат со сирењето и киселото млеко.
  4. Во намастено тавче или калап, се става половината смеса од компирот, врз неа дел од јајцата, па пак компир.
  5. Одозгора се става остатокот од јајцата, па се ренда биено сиренце и се полива со стопен путер.
    Од биеното сирење може да ставите и во средина, комбинирајте по желба.
  6. Се пече на 200 додека не му се отворат страните, а и до сакана боја.

Имам уште рецепти, кој од кој поубав…Пататникот е редовен на нашата трпеза, ќе имам уште нови креации, се надевам 🙂

Пријатно!

 

                  

[gallery_one id=”9978″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]

Leave a Reply