Моите омилени колачи… Никогаш доста од варијации…
Стариот рецепт за колачот со вишњи го променив малку, додадов црно чоколадо, листови бадеми и ореви. Овде немаме вишњи, па ставив цреши, но поубаво би било со вишњи, баш тагувам по нив.
Зејтинот го скратив и ставив малку путер, следниот пат, само путер ќе ставам.
Чоколадото ми беше 200 грамско, парчињата се многу тешки, паднаа, не би помогнало ни брашно, но не смета воопшто. На вкус, перфектен!
Состојки
- 4 јајца
- 1 чаен филџан шеќер
- 2 чајни филџани брашно
- 1/2 чаен филџан зејтин
- 1/2 чаен филџан кисела вода
- 250 гр. цреши или вишњи
- 100 гр чоколадо
- 1 ванила
- 1 прашак за пециво
- 1 кора од лимон
- малку ореви и листови бадеми
Постапка
- Најпрво се матат жолчките, се додава ванила, пециво и кора од лимон.
- Потоа се матат белките со шеќерот.
- Во жолчките се додава брашното, зејтинот и киселата вода.
- Се додаваат белките и внимателно се меша.
- Оревите, чоколадото и бадемите се додаваат со внимателно мешање.
- Се става во намастен калуп и одозгора се редат цреши, вишњи. Црешите ги ставив во брашно зашто беа големи.
- Се пече на 200 степени на почеток, па може да се намали, околу половина час вкупно, но зависи од рерна, ќе пробате со чепкалка или кога ивиците се одвоени, готово е.
Приатно!