За празници обавезно правам некој ролат, реден или ролован.
Кај нас трпезата секогаш е разноврсна и во обични денови, многу табиетлии имаме во семејството :), некој не јаде ова, друг она и така за секој понешто, а таа традиција ја продолжив и јас.
Но мислам дека таква е и струмичката трпеза, се вади разноврсна храна, сé се става на маса.
Category: Meze
Велигденска трпеза
Честит Велигден!
Христос воскресе!
Лиснати погачици со младо кромитче
Благодарение на видеата, денес може лесно да се направат сите рецепти. За жал, не можеме сите да имаме видеа од готвењето, снимањето бара уште поголем ангажман, повеќе лица или барем уште една особа плус. Затоа пак со цело срце ќе ви пренесам ако видам нешто интересно и го пробам! Continue reading “Лиснати погачици со младо кромитче”
Ружички од кори
И овие ружички се многу брзи и лесни за правење. Сé што ви треба се убави еластични кори, фил по желба и имате декоративни ружички, а толку вкусни, крцкави и миризливи.
Потпечени кори (пржени)
И овој рецепт е многу баран, па еве да го поставам.
Интересно, вкусно, декоративно. А толку едноставно!
Потребни ви се подебелки кори, зашто јас со такви правев, словенски, тегнати.
Мислам дека има кај нас српски кори кои се подебелки, за гибаница, е такви треба за да не изгорат.
Префинета пита
Ви ветив нешто ново, а тоа е аргентинска пита со еден фантастичен вкус.
Рецептот ми е од колешка од курсот по француски, Нури. Еден ден, драгата Нури која ни е највозрасната во групата, донесе пита, тенка, префинета, исечена на мали парчиња, преубава 🙂 .
Веднаш побарав рецепт, го стокмивме на многу јазици, а следниот час ми донесе точни дози. Веднаш ја направив, па уште еднаш, што да ви кажувам, пита над питите!
Добро сега, јас сум научена на тој благо-солен вкус во Струмица, но сите ја бендисаа!
За мене ќе остане баш тоа, префинета пита, благодарам Нури 🙂
Кифлички од кори
Не знам како да ги наречам, ги видов под различни имиња, различни рецепти, па направив моја варијанта.
Употребив два типа на готови кори, затоа се различни малку.
Пиде со праз и карфиол
Турското пиде е нешто како пица, само што има форма на чамец. Мислам дека најчесто е со мелено месо, но и со најразлични додатоци. За разлика од пидето, лахмаџунот, преубав нивни специјалитет е со мелено месо, без толку зеленчуци…Е сега сите си правиме по свое, а како и не би, турската кујна ми е најубава, најблиска, без да навлегувам повеќе во таа тема 🙂
Веќе имам објавено рецепт кој може да го видите овде.
Оваа пиде е со праз и карфиол, ептен здраво пиде 🙂
Солена торта и колачи од тиквици
Тиквиците ги имаме преку цела година, па покрај класичните рецепти кои ги сакаме сите, испробувам и нови, мои идеи, но и други…
Еден таков, преубав рецепт, ми привлече внимание на Coolinarika минатата година и ме инспирира, па направив моја варијанта.
Бел солен ролат
Кога го видов овој ролат прв пат, веднаш го направив зашто поубав ролат немам видено, секоја чест на креаторот.
Задоволна сум, ништо не би менувала, превкусен е како што е и преубав за око.
Оригиналната фотка ме воодушеви, а мислам дека ролатите прописно ги измалтретирав со моите фото сесии.
Направив два ролати, значи дупла доза, еден со обојување на крем сирењето со сок од цвекло и другиот ролат со подварен спанаќ и сафран.
При фотографирањето убавата боја од цвеклото не ми се појави. Следниот пат ќе ставам повеќе. Инаку оригиналниот рецепт е со боја од црвен пипер.
Дозите се за еден ролат.