Благо солен млеченик

Стар струмички рецепт, благо-солен млеченик или млечник, рај за непце.
Многумина го прават само со шеќер, што е исто прекрасно, но сега прво овој рецепт,  благ, ама и со кора со сирење.

Continue reading “Благо солен млеченик”

Ивин колач со вишњи

Често знам да речам, некои рецепти не стасувам да ги објавам зашто си правам разни варијанти и ете така ќе остане необјавен тој, а варијантите секако имаат предност и поголем предизвик ми се 🙂

Continue reading “Ивин колач со вишњи”

Лесно колаче со праски

Овие традиционални тортички се најубави за сезонско овошје, експресни, лесни, воздушести, освежителни…

Continue reading “Лесно колаче со праски”

Колач со кајсии

И аронија и бадеми, не само кајсии 🙂
Периодов ми се уарнија овие прекрасни старински колачиња со сезонско овошје, ммм, нема поубав вкус и арома, нема!

Continue reading “Колач со кајсии”

Погача цвет

Погачата сите ја знаете, популарна е, а и јас ја имам објавено како Ивина зашто додавав и други работи…
Но никако да ја објавам оригиналната, едноставна, а преубава погача. Ја правам и со сирење, кој пробал, знае што е памук тесто 🙂

Continue reading “Погача цвет”

Баница со јаболка

Уште првата година на страницата објавив рецепт баница со јаболка, а сега овој е, ако биде, да биде работава. Слично е, но сепак поинаку од класичната баница.

Continue reading “Баница со јаболка”

Мојот Пататник

 

Долго време овој рецепт веќе го вртам по дома, ги испробав сите можни варијанти кои ми паднаа на ум!
Е па вака почна приказната…

Continue reading “Мојот Пататник”

Сладок појадок

 

Ова е повеќе идеја за појадок, за комбинации во овој период…

Малку доцнам, имаме технички проблеми на блогот, рецептите пополека, кога имам услови на блогот, ќе ги ставам. Continue reading “Сладок појадок”

Ивини машнички

 

Деновиве сум пресреќна од вашиот интерес и посетата на блогот!
Велигденската трпеза предизвика голем интерес, со денови одговарам на вашите преубави зборови и пофалби. Вашата поддршка, драги мои ми значи многу, вашиот огромен интерес ме радува многу, ви благодарам од срце!
Добивам понуди за ТВ гостувања, но ете, далеку сум многу, многу 🙁

Continue reading “Ивини машнички”

Лиснат бриош

Кога дојдов овде, го славевме Велигден со швајцарски специјалитети, иако тие немаат некоја строга традиција…
Сега секој празник го славиме според нашата традиција, Мишел си прифати, што ќе прави, нема бегање од нашата кујна 🙂 За среќа многу му се допаѓа. Но секогаш си правам и некој нивни специјалитет… Или француски, зашто слични се некои.

Continue reading “Лиснат бриош”