Ивина чоколадна кула со јагоди

 

Еве се обидувам да продолжам после слаткото и скарата, но тешко ми оди да го фатам ритамот…Рецепти стотици, ама си чекаат на ред.
Времето беше дождливо и ладничко, јагодите доцнат…

Не видовме пролет, но сепак носат јагоди од Италија, па се наоѓаат и убави.
Овој период правев доста едноставни, ама вкусни колачи, се надевам ќе ви се допаднат.
Правев и доста солени изненадувања 🙂
Само што никако немам време за декорирање како што сакам, брзање, брзање, претерано брзање, но таков ни стана животот…Во трк живееме, за жал.

Овој рецепт ви го препорачувам, нема што да се погреши, едноставен, а многу вкусен.

Состојки

  • 4 јајца
  • неколку лажици кафеав шеќер
  • 1 лажиче прашок за пециво
  • неколку лажици темно какао
  • 100 гр брашно
  • 30 гр нишесте
  • 1 лажица масло за готвење
  • 40 гр рендано црно чоколадо

Фил

  • по желба јагоди
  • по желба крем шантили или било кој друг крем
  • 1 шлаг пена за декорација
  • неколку капки црвена боја за готвење

 

Постапка

  1. Најпрво се матат јајцата со шеќерот, а потоа се додаваат другите состојки, при што се мешаат со лажица.
  2. Смесата се става во намастено тавче, посипано со брашно или врз хартија, се пече околу 15 минути на 200 степени.
  3. Потоа пандишпанот можете да го филувате како сакате. Можете да го поделите на два дела и да вадите кругови.
  4. За филот, јагодите се миксираат и се додаваат во крем шантили или по ваша желба некој крем.
  5. На чинија за сервирање, се редат- круг, фил, па повторно круг и фил, а најодозгора изматена шлаг пена, помешана со капки црвена боја, за да биде розева.

Десертот е едноставен, но со таа комбинација ветува преубав вкус, како пајажина е!
Се сервира со кафе, чај, по желба.

Да напоменам дека го правев со различни креми и овошје, секогаш е изненадувачки свеж.
Брз, едноставен, штосно декориран, вкусен, вкусен…
Чоколадо, јагоди, шлаг, треба ли нешто повеќе за вкусно?
Добар апетит!

[gallery_one id=”7760″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]

Leave a Reply