И за најголемите горештини има лек 🙂
Нит е сладолед, нит е некој десерт, а сепак е преубаво, превкусно и многу, многу корисно за здравјето!
Пасирано овошје, без шеќер, без никакви додатоци, малку смрзнато, гарантирано разладување!
И што е најважно, права витаминска бомба!
Состојки за 1 особа
- 1 јаболко
- 1 портокал
- 2 киви
- 1 нектарин
- топче диња
- ливчиња бадем
- малку афионово семе
- малку цимет
Постапка
- Измиеното и излупено овошје, испасирајте го во посебни садови.
- Отстранете го сокот, испијте го 🙂
- Јаболкото измешајте го со цимет.
- Ставете го на дното од чаша за сладолед и смрзнете го малку.
- Направете така и со другите овошја, по бои, по желба…
- На крај украсете, додадете ливчиња бадем, афионово семе, ливчиња мента…
Не треба да е целосно смрзнато, само кратко, само колку да ве разлади…
Свежо овошје, свежо разладување 🙂
[gallery_one id=”10037″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]