Сте чуле за УН диетата, циклус од 4 денови кои се вртат 3 месеци.
Протеински,Скробен, Јаглени хидрати и Овошен ден.
Нема да ве замарам со диетата, но мене многу ми се допаѓа.
Неисе, денес сум на овошје, а за ручек како и за појадок, овошје, само сега мешано!
Баш не ми е омилено да јадам толку многу овошје, па често го блендирам, иако знам дека треба и да се џвака.
И ете денеска да ви покажам еден мој оброк, кој за денешните млади е многу интересен, но тие умеат чуда да направат…
Состојки
- 4 мандарини
- 1 црвен портокал
- 1 јаболко
- грозје
- мелени лешници
Постапка
Сите знаете како се прави, се блендира, од грозјето еден дел посебно се блендира, се додаваат лешниците и се редат редов, по желба.
Ова може да ви биде одличен појадок, ручек или вечера, но да не се јаде после 18 часот, освен ако треба да потрошите енергија.
Малку смрзнато пак е одличен десерт.
Јадете, јадете секогаш овошје!
Пријатно!
[gallery_one id=”4279″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]