Познатите пиварки, едни од најубавите старински колачиња. Оваа варијанта има кокос и толчени ореви.
Состојки
- 1 кг брашно
- 500 мл масло
- 250 мл пиво
- една шака гриз
- 1 прашок за пециво
- 1 ванилин прашок
- толчени ореви
- 100 гр кокос
Шербет
- 800 гр шеќер
- вода колку да се залие шеќерот
- лимон
- кокос или мелени ореви за посипување
Постапка
- Се замесуваат сите состојки.
- Се прават мали топчиња.
- Се стават во плех од шпоретот на хартија и се печат на 180 степени.
Шербет
- Се залива шеќерот, водата да биде над шеќерот.
- Зоврива кратко, неколку минути, се додава лимонот.
- Секое колаче се натопува во шербетот, а остатокот се истура врз сите.
- Се посипуваат со кокос или мелени ореви, по желба.
Оригиналниот стар рецепт е само со ореви, со кокос се поновите рецепти, но и тие се многу стари веќе 🙂
Овде гризот си го прави своето, неповторлив вкус им дава… Кој може да им одолее?
Пријатно!
[gallery_one id=”5870″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]