Пралини на мој начин

Пралини на мој начин
Пралини на мој начин

Се сеќавате на белиот комисброт? Е денес си правев нешто слично, а различно.
Воодушевена сум, ќе следува рецептот, ама за да го натокмам како сакам, морав да си направам и пралини!


Не знам дали се сеќавате на шеќерчињата од детството, вие повозрасните?
И јас едвам ги затекнав, веќе во мое време беа појавени чоколадите, па шеќерчињата одеа во заборав, ама ете ги памтам…
Не знам како се правеле, ги прашував моите, не се сеќаваат и тие.
Но уште памтам кога во театар ги гледавме нашите преубави претстави во кои се спомнуваа шеќерчињата, а јас љубопитно гледав што тоа шеќерчиња јадат…
Не бев јастелита ич, но многу убаво ми звучеше и лично ми се гледаше 🙂
Моите велат дека шеќерот бил многу скап тогаш и не можеле сите да си дозволат шеќерчиња…
Е потоа дојдоа “чоколадните времиња”, јас така ги викам 🙂
Како и да е, јас денес правев пралине, познатите француски, розеви зашеќерени бадеми и ете ме потсетија многу на нашите шеќерчиња.
Не излегов од кујна додека не ги направив и колачите… Ме понесоа овие прекрасни нијанси на розево, милина за очи.
Ги правев на мој начин зашто имав само олуштени бадеми, цели, листови, кршени, па ги користев нив, иако правилно е неолуштени бадеми.
Значи пралине на мој начин зашто ги вапцав сите бадеми што ги имав, ами што ќе се мислам 🙂
И листови и кршени, па имам голем асортиман сега 🙂
Ова е оригинален француски рецепт.

Состојки

  • 40 бадеми со лушпа
  • 80 гр шеќер во прав
  • 0,8 дл вода
  • неколку капки црвена боја

Постапка

  1. Состојките се ставаат во тенџере (со дупло дно) и се зовриваат.
  2. Пред да се карамелизира шеќерот, се тргаат на страна и се мешаат со дрвена лажица додека шеќерот не се налепи на бадемите. Треба како гроздови да се направат…
  3. Се ставаат на хартија во плех да се оладат.
  4. Сега можете да ги употребите по желба 🙂

Е сега моите измени. Ставив и листови, но тие не треба да се варат, се ставаат на крај, зашто ќе се распаднат. За појако розево, повеќе капки боја, мене ми требаа овие нијанси.
Треба да се чека моментот на “пред карамелизирање” велат Французите за ептен успешни да се.
Е ама јас немам искуство со карамелизирање и малку порано ги тргав од рингла, но сепак се налепи шеќерот.
Е сега и кожичката игра улога, но и вака се убави, следните, уште поубави 🙂
Не знам зошто но, варениот бадем не ми мириса убаво, па затоа додадов махлеп, ми беше подготвен за колачот, па се снајдов…

И ете така, за да правам колачи какви сакам, морав и какви такви пралине да си направам, зашто овде таква убавина да си купиш, нема.

Пралини на мој начин

[gallery_one id=”5882″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]

 

 

 

Leave a Reply