Веќе реков дека мајка ми ми објасни како баба ми Зонка го правела слаткото од сушени трендафили. Нејсе, се потрудив, најдов повторно мајски, непрскани трендафили, мирисни до другата улица 🙂
Ги ставив во еден плех откако ги измив внимателно, не беа голема количина, само колку за проба. Во исто време го правев и сокот 🙂 Мераци, мераци 🙂
Рецептот е потполно ист со оној кој го објавив само што сега се сушат листовите, а колку долго тоа ќе трае, зависи од топлото време и сонце…Ми се погоди да не е многу сончево, ги чував на тераса, не ги фаќаше директно сонцето. Само да нема ветар, треба добро да ги заштитите.
Рецептот може да го видите овде, а ви го должев и овој.
Во исто време стаса и сокот, ептен сум задоволна, ќе следува рецепт.
Ова слатко можам да го фотографирам до бесвест, каква убавина е! Никогаш нема да можам вистински да го доловам, а време сé помалку…
Пријатно!
[gallery_one id=”8233″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]