Џем од кајсии со семки

Минатата година објавив џем од кајсии на мојата ФБ страница Со љубов, за вас. Веднаш потоа, го направив и по овој рецепт, а некни, во неделата,  направив повторно, овогодишен…

Џемот се прави многу едноставно, имам неколку варијанти и сите се убави. Само што и тогаш и сега немав мискимбре 🙂 Татко ми беше купил, го беа пресадиле, е сé убаво, ама ние од брзање го заборавивме 🙂 И така, без мискимбре ми е џемот 🙁

Џемот ние го јадеме со путер, треба да биде доволно омекнат на собна температура, а пак ако имам и домашно лепче со ореви, гозба е голема!
И во неделата излезе превкусен, за мене џем број 1 🙂
А ќе следува и совршена комбинација, не пропуштајте 🙂

 

Состојки

  • 1 кг кајсии
  • 600 гр шеќер
  • семки од кајсии

Постапка

  1. Кајсиите се мијат и се чистат од семки, но и од црни дамки.
  2. Се ставаат во длабоко тенџере и се посипуваат со шеќерот, да постојат 3 часа.
  3. Се кршат семките, еден дел се толчи, другите се лупат.
  4. Потоа се зовриваат кајсиите, пазете да не загорат, па на средна температура се варат околу 25 минути. Се ставаат и семките, колку за шмек, а цело време пената се собира и трга.
  5. На крај, се собира во стерилни тегли, се става мискимбре, ако не си го заборавите, се затвара и ете, кој ќе дочека, отвара и јаде 🙂

Џемот има красат вкус кој јас го обожавам, не сакам кога е многу благ. Лушпата на семките е малку горка, па убаво е да провее и таква нота…

И ја така, слаткото од раздалии со чакардеци, по струмички, бидее 🙂
Во куќата на дедо ми Лазар и баба ми Зонка, во дворот имаше многу овошки, еден од најголемите и најубави дворови во Варош маало…Раздалиита како што се нарекувала во тоа маало ѕрѕалиита, била многу вкусна, па дедо ми секогаш чувал за Џуџу, така го викал татко ми, да си касне кога ќе дојде од Загреб, испостен студент во тоа време…
А Џуџу, трета-петта, си полагал и трчал,  си доаѓал дома за да бидеме што повеќе заедно, оти јас сум студентско дете, љубов голема 🙂 Џуџу бил сакан зет, дури со трње ја оградувал раздалиита дедо ми за да не се частат други, да има за зетот, од дедо му, од личното производство…
Преубави семејни приказни, преубави спомени…
А ништо веќе не е како што било, кајсиите немаат вкус како некогаш, џемот нема мирис како некогаш, редовно предвреме уништени овошки…Невремиња…
Но важен е споменот, важна е приказната, важна е традицијата…
Важна е пораката која гледам стасува до најголем дел од вас, Ве сакам <3

 

[gallery_one id=”8427″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]

 

 

 

Leave a Reply