Ivin čokoladen kolač so kruša

E ova ke bide na kirilica, nemam vreme da promenam, a go kopirav od Moi recepti kade go objaviv zavčera… Go planirav kako 50 recept tamu, mal, premal jubilej, no tie go objavile kako 51 zašto bev pratila 2 recepti odednaš, se rasturi zamislata…
Kolačot izleze preubav, vkusot kako Zagrebačkata torta, koj saka takov prefinet vkus, neka si proba…

Кога ја правев Загребачката торта, си зацртав да направам и еден колач со тој вкус, кој го обожавам… И еве го, уште тогаш го направив и го чувам за овој мал јубилеј. Рецептите со круша се многу ефектни, овде има еден преубав кој ме инспирира за крушата, ама таа мојата круша бајаги огромна беше. Можете да си ставите помали круши...

Состојки

Тесто

  • 3 жолчки
  • 50 гр путер
  • 50 гр шеќер
  • 50 гр црно чоколадо за готвење
  • 50 гр печени мелени лешници
  • 1 лажица рум
  • 1 лажица презла
  • 1 прашок за пециво
  • 1-3 круши

Фил

  • 50 гр. путер
  • 50 гр црно чоколадо за готвење
  • 50 гр мелени лешници
  • 3 жолчки на пареа

Глазура

  • 4 лажици вода
  • 150 гр шеќер
  • 150 гр црно чоколадо за готвење
  • шака листови бадеми

Постапка

  1. Се матат жолчките со шеќер,
  2. Се додава изработен путер и растопено чоколадо, се меша.
  3. Потоа се додаваат печени, излупени, мелени лешници (прво нив подгответе ги)
  4. Помешајте ја презлата со рум и додадете ја.
  5. Додадете прашок за пециво, додадов половина, може цел.
  6. Додадете ги изматените белки, промешајте.
  7. Ставете ја смесата во правоаголен калап обложен со хартија за печење за полесно вадење и во средина додадете исправени круши, печете најмногу половина час на 200.
  8. За тоа време направете го филот, изматете 3 жолчки и ставете ги на пареа. Кога ќе се обработат, додадете путер, чоколадо, мелени лешници.
  9. Ставете го филот врз испеченото тесто, издлабете ги крушите и наполнете малку од филот. Можете белките да ги искористите за шам, за декорација, како сакате. Мене ми требаа за друго, убаво ми се најдоа. Можете и да ги смрзнете. По одмрзнување исти се како и пред смрзнување.
  10. Направете глазура од чоколадо, водата со шеќерот да зовријат, по некое време се додава чоколадото на мали парчиња, се меша да се растопи и се прелива врз колачот.Бев ставила на дното парчиња круши, но подобро е без нив.
    Оваа старинска глазура ми е незаменлива. Вкусот на колачот, незаменлив!
    Беше јули, буквално сé се топеше, ама јас од кујна не мрднав.
    На здравје![gallery_one id=”1099″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]

 

Leave a Reply