Многумина ја сакаат…
А јас сум од оние пролетните птици, го сакам раѓањето повеќе, и изгревот наместо залезот…
Животот ме научи да не го сакам умирањето, знам, сите не го сакаат, но не сите го имаат почувствувано безвременскиот крик кога не му е време.
Се обидувам да се присетам, како некој виновник, зошто и порано не сум ја сакала есента…
И како мудрите велат, мене секогаш ме потсетува на крај, на завршеток, на умирање…
Како некој отпадник, се обидувам да проникнам во палетата од огнено пламено до земјано жолто, ама ни не сакам да си спомнам за гнилото кафеаво…
Можеби шушкањето на паднатите лисја е пријатно, но за мене таа глетка е чемерна, а звукот ми е призвук на распуканост на тишината, од болка распуканост…
Се обидувам во спектарот од бои да ја вклопам мојата тага, да ја расчленам, да се прелее, и баш така да се престори во блесок, но не, не ми оди баш така лесно…
Пламената боја, неа ја сакам, таа сеуште ми шепоти за живост некако, та и во земјата каде царува неизговореното мртвило…
Но животот не би бил чудесен ако не ни приреди и најубави изненадувања, покрај болните, и ни дава потврди дека нашите чудни таговни погледи можат да го видат и невидливото.
Некои есени носат многу надеж, сепак 🙂
[gallery_one id=”12179″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]