Џемот од кајсии ни е еден од најомилените. Овој рецепт го објавив минатата година на Coolinarika и на мојата страница Со љубов, за вас.
Рецептот е едноставен, а џемот фантастичен. Другиот рецепт може да го видите овде.
Инспирирана од џемот без шеќер или со многу малку, во план сум да направам 🙂
Состојки
- 1 кг кајсии
- 600 гр шеќер или помалку
- 1 лимун
- по желба фстаци или друго јаткасто овошје
- мискимбре/слаткарче
Подготовка
- Одвечер, измијте ги кајсиите, преполовите ги и исчистете ако има дамки.
- Ставете ги во тенџере и додадете го сокот од лимонот и шеќерот.
(Сé повеќе луѓе ми кажуваат дека ставаат само 250-300 гр шеќер, така да сами одлучете, може значи и помалку). - Оставете ги нека одстојат преку ноќта.
- Утредента нека почне да вари на посилно, потоа намалете ја температурата, се прави многу пена, отстранувајте ја и мешајте, нека вари 20 тина минути.
- На крај ставете ги фстаците и од мискимбрето неколку ливчиња.
- Врелиот џем се става во стерилни тегли, затворете ги и свртете наопаку.
- Утредента вратете ги теглите во нормална положба.
Вообичаено го комбинираме за појадок. Најубавата комбинација ни е со путер или после кајгана, ако сакате, може да погледнете овде.
[gallery_one id=”8576″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]