Сарма од штавељ или блитва

 

Во Швајцарија нема штавељ ни за лек, па најубава замена му е блитвата.
Но и таа е поинаква, огромна, листови како чадори…
Потешко се прави сармата од таквата блитва, ако е во врела вода, останува пластична, ако зоврие, отиде, ахаха… Затоа треба да се внимава.
Сармата од штавељ ја има неколку вида, а се прави и само посна, со ориз.
Значи со мелено месо и ориз, потоа полиена сарма, со јајца и кисело млеко и само со кисело млеко..

Дома кај нас се правеше секогаш со мелено месо и ориз, така и баба ми правеше. Ја сервираме со кисело млеко.

Но знам дека многу се прави и полиена со јајца или кисело млеко, па затоа ќе ви ги прикажам и овие рецепти.

Сармата со која растев ми е најубава на свет, симбол за пролетта, симбол за заедничкото готвење.
Слика 1

Мајка ми го пржи амурот, подготвува сé и пржи…

Слика 2

Татко ми ги остава крстозборките или некоја книга, влегува во кујна, зема столче и чека мајка ми да му принесе прибор, како хирургот што чека 🙂 Една тава со листови, друга тава за редење сарма, трета тава со амурот и мала чиниичка за правење сарма, зашто тој е мајсторот.

Слика 3

Мајка ми принесува и не мрда од кај масата, стои, пргава е, татко ми е хирургот, и само кажува што му треба, а она додава…Е кога е празник, оти сармата се прави еднаш неделно обавезно, тогаш се прави поголема тава и мајка ми си седнува, па двујчката си виткаат, мерак да ти е да ги гледаш!

Така некако ќе ги памтам секогаш и секогаш ќе им бидам благодарна што ми го дадоа тој модел 🙂
(Знам дека сум зборувала за тоа веќе…ама да си кажам пак…старост)

Често сармите и ние ги виткаме заедно, послатки се така, верувајте!
Заедничката енергија и љубов се вткајуваат и во храната 🙂

Continue reading “Сарма од штавељ или блитва”

Бурек со сува пиперка

 

И покрај тоа што немам убави кори како кај нас, правам бурек, презадоволна сум, ама да не го правам толку често!!! Е ајде де, божем на диета сум, ама ми успеа вториот месец и да накачам! Ваква пита, онаков бурек, вакви колачи и толку е… Continue reading “Бурек со сува пиперка”