И ете коначно да направам бурек со наши кори, тенки, вкусни, ниту се кршат, ниту стануваат сол, ниту, ниту…можам така да редам до утре сабајле. Не се споредуваат, не 🙂
Не ми е целта да правам реклама, но ниедни до сега што пробав не се волку убави. Од Буњаковец се, константен квалитет, нема што. Сигурно има сега различни, и подебелки се влечените, убави за баници и штрудли, но за бурек, овие ми се најубави.
Рецептот ми е во основа ист, но овој пат мешано урда и сирење, а и корите беа повеќе.
Состојки
- 650 гр готови кори
- 350 гр урда
- 150 гр сирење
- сол по потреба
- 250 мл вода
- 150 мл зејтин
Постапка
- Се мешаат солта, зејтинот и водата.
- Се подготвува сирењето и урдата, се промешуваат.
- Се пребројуваат корите, за да се планира филот, зашто на првите неколку и последните не се става фил, само се прскаат со течноста. Овој пат имам ставено повеќе фил, иако не сакам така, но не сметаше.
- Дното на тавче бр 28 се премачкува со зејтин.
- Се редат 3 кори на дното, во круг, да висат од тавчето, се прскаат со течноста.
- Се додаваат две кори згужвани, се прскаат, па фил и сé така, до последните неколку. Се затвара, убаво се премачкува и се пече во загреана рерна на 220, околу половина час.
- Кога ќе се извади, се превртува.
Прв пат толку висок бурек правев, но не смета воопшто.
Вкусот е преубав, ама вистина сé си бара своето, кори, урда, сирење, сé наше 🙂
Да ти е мерак кора да каснеш, како беа испечени внатре само, а крцкави однадвор…не знам, ама луѓето прават стварно преубави кори, го впиваат зејтинот како треба, што за бурек е многу важно.
Слични рецепти за бурек може да видите овде и овде.
Пријатно!
[gallery_one id=”11637″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]