Уште еден домаќински рецепт- Зелник со кисела зелка и грав.
Без киселата зелка и гравот, од здравствени причини не би требало да ни помине зимата.
Зелката полна со Ц витамин, гравот извор на протеини.
Верувале или не, со сите свои додатни вредни состојки го спасувале народот од многу болести и благодарение на нив преживувал.
Ако имате подготвено кисела зелка со гравче, или одделно, искористете ги, ставете ги во тесто и имате преубав ручек 🙂
Состојки
- лиснато тесто
- кисела зелка и грав, подготвени по ваша желба
Подготовка
- Доколку немате подготвено, едноставно сварете грав, а киселата зелка испржете ја ситно исечена со праз(претходно измиени), ставете зачини по желба и помешајте ги.
Само не ставајте сол.
А доколку имате останато, едноставно размешајте ги, ставете ги на средина на лиснато тесто и затворете ги краевите. - Печете додека тестото не покаже убава боја.
Имав останато од киселата зелка и грав, имав и една кора останато од нешто друго, прво неа ја ставив за да ја искористам, а лиснатото го исеков на ленти и го заобиколив зелникот.
Во големи семејства знам дека не останува храна, но за овој зелник не ви треба многу време, само благовремено сварете грав, испржете кисела зелка со праз и амурот, зајрето е готово.
Со лиснатото тесто добивате еден нов изглед, а за преубавиот вкус не треба да ви кажувам 🙂
Пријатно!
[gallery_one id=”4629″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]