Зеленчукова бомба чорба

зеленчук Зеленчукова бомба чорба
зеленчук Зеленчукова бомба чорба

 

Правам многу чорби, ги сакаме и нам ни се како оброк, понекогаш.
Никогаш не се исти, состојките се менуваат, вкусот се менува, изгледот се менува.
Што имате во фрижидер, тоа, стално повторувам… Обично така правам, вадам сé што имам на работна маса и сортирам, потврд зеленчук и лиснат, потенок.

Но останувам верна на една работа кај зеленчуковите чорби, лимонот 🙂

Состојки

  • морков
  • лук
  • карфиол
  • брокула
  • тиквица
  • млад кромид
  • спанаќ
  • коприва (сува)
  • малку маслиново масло
  • ленено семе
  • сол, сушен зеленчук, бибер…

Постапка

  1. Зеленчукот се мие, се сецка.
  2. Се зоврива вода и капки масло, сол, се става потврдиот зеленчук.
  3. Кога е при крај, се додава лиснатиот зеленчук.
  4. Потоа се блендира, некогаш целосно, некогаш оставам делчиња.
  5. Се додава сушен зеленчук, ленено семе, бибер, по желба…
  6. На крај, сок од лимон.

Најбитно е да не се преварат состојките, овој пат е повеќе зелен зеленчук, извор на здравјето, а тој треба да се вари ептен кратко. Сувата коприва со свежиот спанаќ се додаваат на крај.
Немам коприва овде, не расте, но затоа имам сува, врши работа.
Мене со лимонот овие чорби ми се прекрасни! Иако не сум генерација на зелениот зеленчук, решение имам во лимонот 🙂
Нема пржење, нема запршка, ете овде може да се крати пржењето, зашто вкусот е преубав и без пржење, а знаеме колку е поздраво!
Чорбата е одлична против анемија.

Пријатно!

 

 

[gallery_one id=”6835″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]

Leave a Reply