Кај нас најчесто се прават баници, но исто така се прават и зелници кои ги викаме крашници.
Ова е малку модернизиран крашник, но во основа е струмичкиот рецепт од кој имам инспирација.
Наоколу се става брчкани кори врз една поголема, по желба фил, големата кора се префрла преку крашниците, се мести како фалти или поинаку, а во средина се става фил по желба. Тоа е крашник, а ова е една варијанта.
Состојки
- 600 гр брашно
- 1/2 квасец
- 1 мало лаж. шеќер, малку брашно и сол за квасецот
- 300 мл вода или колку е потребно да се замеси
- 3-4 лажици зејтин
- 1 јајце
- 150 гр кисело млеко
- 1 жолчка за одозгора
- 80 гр коцкички маргарин за одозгора
- спанаќ
- 250 гр сирење или по желба
Постапка
- Тестото направете го по желба, јас додадов јајце и кисело млеко, малку е лепливо, но со зејтинче и брашно се работи добро.
- Стасува квасецот, брашното се просејува, се додаваат сите состојки, освен зејтинот, жолчката и маргаринот и се меси меко тесто.
- Стасува покриено околу половина час до 45 мин. Потоа се размесува и се дели на 1 поголемо и 4 помали делчиња.
- Се сукаат 5 кори, колку е можно потенки, се оставаат да се сушат на бели чаршави.
Големата кора за дното на тавата, а малите за краишниците. (Јас направив 2 мали зелника, значи имав 2 големи кори и по две брчкани внатре, зашто така ми одговараше.) - Големата кора се става на намастена тава прва, а краевите и се надвор од тавата. На другите четири кори се става сирење и зејтинче, една по една се набираат од двете страни, и се ставаат по ивиците на тавата врз првата кора во круг како крашник.
- Се прска зејтин, а краевите што висат од првата кора се префрлуваат врз крашникот, се прави како фалти, во средина се става филот, спанаќот кој е испржен малку за да му излезе водата.
И секако сирење се меша, а може и да се зачини.
Стасува уште малку, се мачка со жолчка, се става парчиња маргарин. Се пече на 220 околу 1/2 час, но да се внимава на бојата, јас на 15 -тата мин. покривам со фолија. - Се покрива со крпа, но не го задушувам целосно, повеќе сакам кога е крцкав.
Се надевам јасно ќе биде за корите, многу е едноставно 🙂
Направете си еден зелник, посен или по желба, јас немам потреба од големи количини и испробувам разни комбинации, затоа се два 🙂 Да не биде збуните завесу спустио сам се, ако нешто, сум погрешила, слободно прашајте 🙂
Бон апетит!
[gallery_one id=”3581″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]