Карфиолот почнав да го засакувам, браво за мене! Го користам многу, во чорби, а и на разни начини подготвен…
Оваа шарена комбинација беше гарнир на кременадли. Ја препорачувам и како засебна посна, со посен кашкавал.
Состојки
- 1 цела главица карфиол
- 1 тиквица
- 3 црвени пиперки
- 2-3 главици млад кромид
- мускатно оревче
- сол, црн пипер
- маслиново масло
- пржени пиперки
- кашкавал
Постапка
- Подгответе го зеленчукот, карфиолот на цветови, па преполовени, кромидот на ситно, а другото на кришки.
- Испечете го карфиолот на грил тава, премачкана со зејтин.
- Испечете ги тиквиците на ист начин.
- На крај испечете ги пиперките.
- Наредете ги во еден сад за печење. Јас имам тавче поделено на средина, па во едниот дел ставив карфиол, а во другиот тиквици и пиперки, но вие како сакате, тоа воопшто не е важно.
- Во карфиолот ставете сол, црн бибер и рендано морско оревче, а кај пиперките сол.
Ставете младо кромитче. - Изрендајте кашкавал одозгора и на печење, само колку да се запече кашкавалот.
Зелените пиперки исто така се испржени и послужија како гарнир!
Пријатно!
[gallery_one id=”4759″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]