Леб од палента, француски…
Рецептот го изменив малку, си го прилагодив, а и ликот му го сменив, личен да ми биде 🙂
Мене ми изгледа како солен колач сега, толку е декоративен 🙂Ја користам палентата многу, зашто е поздраво брашно, а мене ми е и многу вкусно.
Имам многу рецепти необјавено, ќе им дојде редот…
Е сега во споредба со нашиот просеник-проја, ќе речам дека секој рецепт си има своја убавина, свој Вкус, би рекла…
Состојки
- 200 гр палента
- 80 гр брашно
- 25 гр нишесте
- 40 гр путер
- 70 гр биено сирење
- 250 гр кисело млеко
- 2 големи јајца
- 1 прашок за пециво
- шеќер (50 гр, но јас ставив 25 гр)
- сол
- пиперки од туршија, чорбаџиски и гамби со сирење
- магданос
- црн ким (чурекот)
Постапка
- Рерната се загрева на 190 степени.
- Палентата се меша со другите суви состојки.
- Путерот се омекнува.
- Јајцата се мешаат со путерот и киселото млеко во хомогена смеса и се додаваат во палентата.
- Се додава рендано или на коцки биено сиренце, магданосот, пиперките, се меша.
Од пиперките, магданосот и биеното сирње, се остава малку за посипување… - Се става во намастен длабок калап, одозгора се посипува со пиперчиња, магданос, биено сирење, црн ким, и се пече околу половина час до 40 мин.
Мора да проверите со голема игла за плетење (јас си имам специјално игла за проверки) дали е готово, зашто и во средина треба убаво да се испече. Ако е сува иглата и ако е доволно стврднато во средина, значи отово е.
Ако печете во не толку длабок калап, побрзо ќе се испече. Вака, мора да сте сигурни дека е испечено внатре.
Сервирајте со кајмак ( оти го имам сега, де)…
Не мора, може кисело млеко или некое крем сирење, триена сол, ммм, немам зборови.
Лепчето пред да го користите, ако остане :), може да се стави во загреана рерна, кратко, зашто велат, топло се јаде…
Пријатно!
[gallery_one id=”10244″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]
Izgleda mnogu vkusno.
Многу вкусно Софи 🙂
Izgledot e dobar a vkus, ke go probam.