Летен грашок, посен

Летен грашок, посен
Летен грашок, посен

Сум кажала дека зеленчукот како грашок, боранија, грав и слично, ги сакам без месо. Посни ми се поубави, вкусот на зеленчукот е сочуван. Е со боранија или грашок, може кисело млеко, тоа ептен ми оди.

Кој ќе му најде крајот на вкусовите?! 🙂 На комбинациите…

Ова е една варијанта на грашок, го подготвувам на неколку начини, со други додатоци, но и во пржењето има разлики…
Иако се добиваат разлики, грашокот што го купуваме ми е секогаш ист, многу млад, претерано млад, но изборот овде е тој, нема грашок како во Македонија. Смрзнат е, и затоа му треба многу малку време на подготовка. Едно од јадењата по кои тагувам, ги сменив сите марки, сите продавници, но сегде е ист, и изгледот и вкусот.

 

Состојки

  • 500 гр грашок
  • 1 главица кромид
  • 1 младо кромитче
  • 2 чешниња лук
  • 2 компира
  • 1 пиперка
  • 1 морков
  • 1 домат и малку доматен сос или концентрат
  • сол, црвен пипер, сушен зачин, босилок
  • магданос
  • зејтин

Постапка

  1. Се пржи најпрво кромидот, се додава компирот на мали коцки, па пиперка и морков. Се пржат на 6, покриени со капак.
  2. Се промешуваат неколку пати, па се додава младиот кромид и лукчето.
  3. Се внимава да не изгорат, се мешаат, па се додава домат на коцки и 1 полна лажица агда/концентрат од домати или малку сос. Овде доматите се дрвенасти, па морам така.
  4. Се пропржува покриено, се меша, се додава вода, пак се меша и се остава да се динста, покриено.
  5. Веќе има направено одлична густина, само да се соединат сите состојки. Кога убаво ќе се издинста, се додава грашокот, сол, се контролира водата, како сакате, почорбесто, погусто…На овој грашок му треба 10 минутки најмногу, па се додаваат зачините пред крај.

Со компир е многу повкусно, количински одредете сами, а за грашокот од Македонија, не ми треба волку компир.
Додавам млад кромид, зашто така сум научена за грашокот, така го правиме цел живот, но и стар кромид, а и лукче. Од сето тоа се прави преубав сос, ни брашно, ни запршка треба, само добро пржење.
Имам и друг рецепт, не се пржи толку, уште поздрава варијанта, но друг пат 🙂
Ја сликав постапката за да се види текстурата, а и на крај како изгледа сосот.

Вака подготвен е навистина многу вкусен, ем лажица игра :), ем здраво, а кој сака може да проба и со кисело млеко.
Пријатно!

 

Летен грашок, посен

 

 

 

 

 

 

 

 

 

[gallery_one id=”11146″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]

 

 

 

Leave a Reply