Летна даска, полна здравје!
Кога подготвувам модри патлиџани, секогаш комбинациите ги вртам или кисело млеко, крем сирење, лук, магданос или домати.
Е сега малку поинакви ги правев, нови комбинации, од здраво, поздраво.
Состојки
- 2 големи модри патлиџани
- 150 гр ориз
- 150 гр урда
- 150 гр палента
- 1 црвена пиперка
- 150 гр мелено месо
- 2-3 лажици крем сирење
- малку магдонос
- малку ленено семе
- малку ким
- малку црн ким
- по потреба сол
- по потреба маслиново масло
Постапка
- За побрзо да ја стокмите даската, односно бомбиците, ви треба да одвоите мелено месо кога пржите за мусака или за сос со тестенини. Ако ви е свежо, испржете го онака како си го правите.
- Потоа треба да сварите одделно палента со маслиново и ориз, посолени.
- Модрите патлиџани исечете ги на кришки, посолете ги, после 10 минути измијте ги, исушете ги со салфетка. Намачкајте ги маслиново масло, посолете ги и ставете ги да се печат на горната решетка, на хартија во плех.
- Додека се печат, направете ги бомбиците, по ваша желба или како моите.
Од урдата земете мало парче, расплеснете го, во средина ставете пиперка на коцки и магданос, направете бомбица и поросете ја со црн ким.
Од палентата исто земете парче, расплеснете го, а во средина ставете од меленото мевце. Посипете ги со ким.
Од оризот одвојте еден мал дел за посипување. Другиот дел, измешајте го со крем сирење, испасирајте го и на истиот начин правете бомбици, внатре мевце или друго нешто. Кога бомбиците се готови, налепете ги со другиот ориз, да бидат чупкави, а наросете ги со црн ким. - Потоа на даската за сервирање или голема чинија, наредете во круг кришки од модрите патлиџани, а еден дел ставете во најлон кеса да омекнат. На средина од даската, од омекнатите патлиџани направете гнездо, јас ставив палента и ориз одоздола. Наредете ги бомбиците, ставете некои украсни тањирчиња со ориз, палента и урда, и тоа е сé!
Комбинациите се едноставни, најобични состојки, но многу, многу вкусни, а навистина и многу здрави.
Пријатно!
[gallery_one id=”10616″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]